Решенија Како работиме Интеграции Понуда Портал Контакт
Чести прашања

Имате прашање?
Имаме одговор

Најчесто поставуваните прашања за нашите услуги, ценовникот, процесот и техничките интеграции.

🔍
🏭 Магационирање
Колку е минималниот период за магационирање?
Минималниот период е 1 месец. Цената важи за цел месец без разлика дали ја складирате робата 1 ден или 30 дена. Нема дневна тарифа.
Како се пресметува волуменот на складирање?
Волуменот се мери во кубни метри (м³) и зависи од вистинскиот простор кој го зафаќа вашата роба во магацинот. При прием се мери и се внесува во системот. Цената е прогресивна — колку повеќе складирате, толку е помала цената по м³.
Што е вклучено во услугата за магационирање?
Во цената е вклучено: прием на робата, поставување и организирање во магацинот, издавање на робата по договорен термин со клиентот, баркод евиденција при прием и излез и дневен преглед на залихи преку системот.
Дали може да ја земам робата кога сакам?
Издавањето на робата се врши по претходно договорен термин со клиентот. Работното време е понеделник–петок, 08:30–17:00. За итни случаи, контактирајте нè однапред.
Дали има ограничување за типот на роба?
Прифаќаме стандардна комерцијална роба. Не прифаќаме опасни материи, лесно запаливи материјали, храна со посебни услови за чување и незаконски стоки. За специфични типови роба, консултирајте нè однапред.
📦 Фулфилмент
Што е аванс/гарант и зошто е потребен?
Авансот/гарантот е месечен предплат кој служи како гаранција за покривање на услугите. Се плаќа на почетокот на секој месец и не се пренесува — без разлика дали е потрошен или не, следниот месец се плаќа нов аванс. Одбива се од цената на прв 100 пратки.
Колку пратки можам да испратам месечно?
Нема горна граница за бројот на пратки. За прв 100 пратки месечно се применува намалена цена (одбиток од авансот). За секоја пратка над 100, се применува редовната цена по класа.
Што е вклучено во 2м³ простор за чување?
2м³ простор за чување е вклучен во цената на фулфилментот — не се наплаќа одделно. Овој простор е наменет за чување на вашата стока пред пакување и испорака.
Како добивам нарачките автоматски?
Преку интеграција со вашата е-комерс платформа (Shopify, WooCommerce или REST API). Кога купувачот нарача, нарачката автоматски пристигнува во нашиот систем без рачен внос. Ние ја пакуваме и испраќаме во рок од 24h.
Дали фулфилментот вклучува испорака?
Да, испораката е вклучена во фулфилментот — цената по пратка ги покрива чувањето, пакувањето и испораката. COD провизијата се наплаќа одделно (50 ден фиксно до 5.000 ден, или 1% над 5.000 ден).
Кога ми се исплаќа COD откупнината?
Исплатата на откупнините се врши по договор со клиентот. Типично е тоа да биде еднаш или двапати неделно, по пресметка на наплатените откупнини и одбивање на провизијата.
🚚 Испорака / COD
Кои општини ги покривате?
Ја покриваме целата територија на Република Северна Македонија — сите 34 официјални градови и општини. За секој регион имаме посебен курирски соработник.
За колку денови се врши испораката?
Испораката се врши во секој работен ден. Пратките примени и пакувани во денот се предаваат на курир истиот или следниот работен ден. Купувачот добива известување со предвидено време за испорака.
Како функционира COD наплатата?
Курирот ја наплаќа откупнината во готово при испорака. Наплатениот износ се собира и по пресметка на провизијата се исплаќа на клиентот. Провизијата е 50 ден фиксно за откупнини до 5.000 ден, или 1% за над 5.000 ден.
Што ако купувачот ја одбие пратката?
Ако купувачот ја одбие пратката, таа се враќа во магацинот. Трошокот за враќање се договара со клиентот. Клиентот може да одлучи дали пратката повторно да се испрати или да се задржи во магацинот.
Дали купувачот добива известување за пратката?
Да, купувачот добива автоматска нотификација преку SMS, Viber или WhatsApp со информација за пратката и предвиденото време за испорака. Пораката го вклучува и линк за потврда на локација и термин.
Дали можам да следам каде е пратката?
Да, преку клиентскиот портал можете во реално време да го следите статусот на секоја пратка — примена, пакувана, предадена на курир, во испорака, испорачана или вратена.
🎁 Пакување
Дали можам да користам свој материјал за пакување?
Да, можете да доставите свој брендиран материјал за пакување (кутии, кесички, лепенки). Во тој случај, цената на пакувањето се намалува — по посебен договор. Стандардниот материјал е вклучен во редовната цена.
Што ако пратката е поголема од 40×30×30 см?
За пратки со димензии над стандардните класи, цената се договара индивидуално. Контактирајте нè за конкретна понуда за нестандардни пратки.
Дали пакувањето вклучува контрола на содржина?
Да, пред пакување се врши визуелна контрола на квалитет — проверка дали производот е во исправна состојба. Сепак, за детална проверка на содржината (количина, серија) потребно е претходно да се договори протокол со клиентот.
⚙️ Технички / Интеграции
Со кои платформи се интегрирате?
Во моментов поддржуваме интеграција со Shopify и WooCommerce. За останатите платформи (Magento, OpenCart, кастомски систем) нудиме REST API со целосна документација. Наскоро и Magento, OpenCart и Wix.
Како се поврзува мојот Shopify/WooCommerce?
По отворање на профил, добивате API клуч и линк до инструкции за поврзување. За Shopify и WooCommerce процесот трае помалку од 30 минути. Нашиот тим е достапен за поддршка при поставување.
Дали постои клиентски портал за следење?
Да, по склучување на договор добивате пристап до клиентски портал каде можете да ги следите залихите, нарачките, COD исплатите и финансиските извештаи во реално време, 24/7.
Дали нотификациите до купувачите се автоматски?
Да, системот автоматски праќа нотификации преку SMS, Viber Business и WhatsApp Business на секој купувач при промена на статусот на пратката. Пораките содржат линк за потврда на локација и термин за испорака.

Не го најдовте
одговорот?

Контактирајте нè директно — ќе одговориме во рок од 24 часа.

Контактирај нè → Погледни ценовник